Владејачкиот СДСМ денеска и преку сооопштение застана во одбрана на своите кандидати за градоначалници на Скопје и Карпош, Петре Шилегов и Душко Весковски, по обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за сомнителни тендери. Од Бихаќска соопштуваат дека опозицијата „пласира лажни вести и дезинформации“. И еве го целото соопштение од „штабот на вистината“:
Исплашена од извесниот пораз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ тера една иста лага со денови
Со денови ВМРО-ДПМНЕ преку фабрикувани и нецелосни документи конструира непостоечки случаи за градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски.
Голем е стравот во ВМРО-ДПМНЕ од поразот што ги очекува во Град Скопје и општина Карпош, па затоа со денови тераат една иста лага и поднесува неосновани кривични пријави за да ја замајуваат јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди пред граѓаните, нема проекти и програми, па затоа мора да пласира лажни вести и дезинформации.
Со таквата понуда не им бега нов убедлив пораз на локалните избори, како во Град Скопје, така и во најголемиот број на општини низ државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ