Во изминатите четири години Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за напредок и развој на сите општини во државата.
Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое подолу го објавуваме во целост:
Општините работеа отчетно, вредно и напорно, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Успешните мерки и политики на СДСМ резултираа со реализација на над 7.000 проекти на локално ниво, проекти кои значат подобар живот за сите граѓани, нови вработувања, модерни општини.
Реализираните проекти се доказ дека никогаш досега не се развивале и напредувале општините како во изминатите 4 години со СДСМ.
Оваа силна динамика мора да продолжи, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ.
Најдобрите проекти на СДСМ носат развој, а развојот носи подобар живот за граѓаните.
Тоа го носи најдоброто, подобар живот во секое едно населено место, концепт, визија што води кон развој и напредок.
Бидејќи граѓаните го заслужуваат само најдоброто.
Центар за односи со јавноста на СДСМ