Во текот на изминатите 12 месеци, кога нашата држава и целиот свет се бори со пандемијата, граѓаните видоа силна посветеност на Владата, институциите и на здравствениот систем во справување со пандемијата, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.
И, натаму во соопштението, следува она што СДСМ го практикува секој ден: За тоа што сме рекордери во необезбедување вакцини, по смртност од коронавирусот, за аферите со вакцините, за аферите со тендерите итн. „виновна е опозицијата и Христијан Мицкоски“.
Во продолжение од текстов целото соопштение од СДСМ за јавноста да има претстава како се манипулира со вистината за проблемите со кои граѓаните се соочуваат:
Во текот на изминатите 12 месеци, кога нашата држава и целиот свет се бори со пандемијата, граѓаните видоа силна посветеност на Владата, институциите и на здравствениот систем во справување со пандемијата и деструктивно и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, ги делеше здравствените работници на ваши и наши, потоа намерно ги прекршуваше мерките за заштита.
По налог на Мицкоски неговата послушничка во техничката влада Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка, пари за опремување на ковид центрите, а членот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски со изјавите дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски ги збунуваше граѓаните и ги охрабруваше да не ги почитуваат мерките за заштита.
Сега, оваа партија симбол на криминалот, шири лажни документи со лажни цени со цел да го поткопа процесот за набавка на вакцини против коронавирусот.
Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани ја го кочи изградбата на нов Клинички центар, прв што ќе се гради во државата по цели 80 години.
ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно и неодговорно, на штета на државата, граѓаните и јавното здравје и затоа е поразувана од граѓаните и уште долго ќе биде во опозиција.
Центар за односи со јавноста на СДСМ