СДСМ во изминатите четири години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, за подобрување на животниот стандард, а пред се грижата за најмалите, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.

Секојдневно, во седиштето на партијата на Бихаќска се „гради“ економијата, се „враќаат пари“ кај граѓаните, се постигнуваат „историски резултати“ во вработување и „историско“ намалување на невработеноста, а денеска и во рекордна „изградба“ на детски градинки. Го објавуваме соопштението во целост:

Изградивме и реновиравме 60 детски градинки во урбаните, но и во руралните средини, со што значително се зголеми опфатот на децата во предучилипното воспитание и образование.

Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето режимско владеење ги остави предучилишните установи на забот на времето.

Парите на граѓаните ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безобразното трошење на народните пари.

СДСМ изгради и обнови 60 градники, ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици.

Граѓаните добро знаат дека со СДСМ парите се враќаат кај граѓаните, а со ВМРО-ДПМНЕ завршуваат како провизии во џебовите на нивните функционери.

Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов седми пораз од граѓаните.

Центар за односи со јавноста на СДСМ