Граѓаните застанаа зад државотворната СДСМ, која со сите сили се бори со невидливиот непријател, се вели во денешното соопштение од владејачката партија.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема чувство за државни и национални интереси, секогаш, во секоја ситуација ги стават партиските интереси пред интересите на граѓаните.
Од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, од ДПМНЕ видовме само лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, ширење страв и паника кај граѓаните, барање оставки.
Да се грижеше опозицијата за здравјето на граѓаните немаше да кочи заем за опремување на болниците, немаше да ги поттикнува граѓаните на непочитување на мерките за заштита, немаше да шири невистини дека нема доволно тестови и заштитна опрема за вирусот, кој според нив некогаш е смешен, а некогаш опасен, немаше да организира протести на масовно се кршат мерките за заштита.
Барањето оставки и со соопштенија и со протести, само ја нагласува пустата желба на ДПМНЕ за гола власт, иако пред само четири месеци, граѓаните на демократски и безбедни избори ги оставија во опозиција.
Граѓаните застанаа зад државотворната СДСМ, која со сите сили се бори со невидливиот непријател, која по 30 години тапкање во место и назадување, со своите храбри и мудри политики ја придвижи државата напред во полноправно членство на НАТО, пред вратите на ЕУ, со гарантиран идентитет и јазик, која работи на подобрување на животниот стандард на сите граѓани.
ДПМНЕ остана во мрачното минато на груевизмот, остана деструктивна партија која нема став за ниедно прашање, која не може и не сака да ѝ помогне на државата и наместо тоа одмага на секој можен начин.
Затоа ДПМНЕ на чело со губитникот Мицкоски уште долго ќе остане е во опозиција.