Голема е паниката во ВМРО-ДПМНЕ поради слабата работа на нивните градоначалници, па затоа имаат потреба секојдневно да ја дефокусираат јавноста со барања за предвремени избори.
Ова се истакнува во денешното соопштение од влдајечкиот СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Јавно во првите два месеци се виде дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување, тоа им е јасно и во Белиот дворец, па затоа оваа партија неосновано бара предвремени парламентарни избори.
Со условувања кон помалите партии, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека му се брза на избори затоа што допрва ќе се види неспособноста на нивните градоначалници.
Со предлог законот за укинување на техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ свесно или несвесно призна дека Владата предводена од СДСМ и институциите знаат и можат да организираат фер, слободни и демократски избори без тие да бидат оспорувани од кој било.
Барањето за предвремени избори во време кога се решаваат предвизиците со здравствената, економската и енергетската криза се неодговорен чин од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Граѓаните не сакаат избори, туку конкретни мерки и политики кои нудат излез од кризите и заштита на нивниот животен стандард. Предвремени парламентарни избори нема да има, ќе има работа, реализација на мерки и проекти од Програмата на Владата која има мандат до 2024 година.
Центар за односи со јавноста на СДСМ