Владејачкиот СДСМ има „едноставна математика“ за вчерашниот голем народен протест во Скопје пред Владата која ја предводи.
Математиката на СДСМ е „сладок лимон“. Розовите социјал-демократски очила на владејачката партија и креираат лажни слики за грдата реалност околу себе: СДСМ од Бихаќска гледа „благосостојба во нашата земја“ и „дебакл на опозицијата од нашата земја“ кога десетици илјади незадоволни граѓани бараат избори и спас од „благосостојбата“ во која СДСМ ја втурна Македонија.
Во продолжение целото соопштение и математиката на СДСМ за вчерашниот голем народен протест пред Владата која ја предводат со ДУИ и колку им е „сладок лимонот“:
Дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, односно неуспешноста на вчерашниот митинг на Христијан Мицкоски упати јасна порака дека граѓаните не се за деструкции и блокади и не сакаат предвремени избори.
Но колку чинеше дебаклот на ВМОР-ДПМНЕ?
Математиката е едноставна.
На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови.
Превоз за 20.000 членови чини околу 200.000 евра. Ако на тоа се додадат и останати трошици за нив, вода, сок, сендвич, бина, озвучување, струја и се друго потребно, сумата е значително поголема.
Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ја надмина сумата од 300.000 евра?
Центар за односи со јавноста на СДСМ