Грижата за работниците е еден од врвните приоритети на СДСМ бидејќи тие се нашата најголема вредност, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое го пренесуваме во целост:
Успеавме и во време на економска и енергетска криза да обезбедиме 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.
Ова законско решение е резултат на конструктивен социјален дијалог меѓу новата Влада предводена од СДСМ, синдикатот и работодавачите.
За само четири и пол години двојно ја зголемивме минималната плата, којашто во 2017 изнесуваше само 8.800 денари.
Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати. Следува и ново зголемување на пензите откако со редовно законско усогласување минатиот месец се зголемија за 2.9 отсто.
Во тек е дијалогот со сите засегнати страни за нова методологија која ќе овозможи континуиран раст на пензиите во иднина.
Преку навремени и ефикасни мерки и политики го подобруваме економскиот стандард на работниците и на околу 330.000 пензионери.
СДСМ останува посветена на унапредување на животниот стандард на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме да работиме.
Центар за односи со јавноста на СДСМ