Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје, соопшти денеска СДСМ.
Владејачката партија за тоа ја обвинува опозицијата, односно локалната власт во Скопје, која беше во нивни раце до ланските избори. Во продолжение комплтното соопштение од СДСМ:
Неспособноста на локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефукнционалност, јавниот превоз е во колпас.
Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје.
Градоначалничката Арсовска со раскинување на договори и префрлување на вината само ја влошува состојбата со јавниот превоз.
Скопјани се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози и доцнења.
ЈСП се подлабоко тоне во долгови, а згора на се склучува штетни договори за набавка на гориво по далеку повисоки цени од реалните.
Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз.
Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.
ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска лани победија на локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваа брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.
Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа нова катастрофа во Град Скопје.
Од неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму Скопјани.
ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се разочарување за граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ