СДСМ ги потсетува граѓаните дека им ги зголемиле платите и им заштедиле 200 милиони евра. Владејачката партија и денеска потсетува со истото соопштение, што од Бихаќска се емитуваше и вчера и завчера… Не е наведено колку граѓаните се задолжуваат со последните задолжувања кај меѓународни финснасиски институции.

Подолу соопштението го објавуваме, во целост и во оригинална форма, како што е испратено до јавноста од нивниот Центар за односи со јавноста:

Со ребалансот на Буџетот, утврден од страна на Владата предводена од СДСМ се кратат непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза.

Средствата ќе бидат наменети за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, за финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и поголеми субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.

Заштитата и унапредувањето на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.

И во време на светска економска криза минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а просечната плата се искачи на 31.080 денари што е реализација на клучното ветување за просечна плата од 500 евра.

За 15 отсто ќе се зголемат платите на вработените во образованието и детската заштита, а следува и раст на пензиите.

Максимално одговорно, посветено и ефикасно, СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард и во време на светска економска криза, обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.

Центар за односи со јавноста на СДСМ