СДСМ слави 7 години од Преспанскиот договор. Само тие слават во Македонија. И Грција, се разбира, таму слават сите.

И додека нашата исполни се од Договорот од Преспа, во однос на имплементацијата, како што се промената на уставното име и Уставот, менување на пасошите, регистарските таблици, менување на имињата на Министерствата и институциите и слично, од грчка страна, како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, постојат многу доцнења што се однесуваат на спроведувањето на договореното.

Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, сè уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА, лани ги достави по втор пат, а дополнително, не е одржан вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот од Преспа, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето на договорот, односно на 30 септември 2018 година, македонските граѓани беа повикани на раферендум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Излезноста на референдумот беше минимална, гласаа само 36,91 отсто од гласачите.

СДСМ не ги почитуваше референдумските резултати и народското НЕ.

Заедно со СДСМ денеска годишнина одбележува и ДУИ, нивниот коалиционен партнер во власта и менувањето на името на Република Македонија. Во продолжение целото соопштение од ДУИ по повод 7 годишнината од потпишувањето на Договорот од Нивици:

Пред седум години, Преспанскиот договор го одбележа историскиот пресврт за Република Северна Македонија.

Тоа беше чин на визија и државничка храброст, кој не само што го отвори патот за членство во НАТО, туку ја закотви земјата на вистинската страна на историјата,  во срцето на евроатлантската заедница.

Преспа ја претвори државата во регионален пример за решавање на сложени прашања преку дипломатија, и го постави Скопје како платформа за дијалог и стабилност на целиот Балкан.

Но денес, седум години подоцна, ја гледаме најтешката девалвација на тој капитал.

Владата, која треба да биде гарант на евростлантската ориентацијата на земјата, станува закана одвнатре.

Руски наративи се бранат од владини функционери, се гласа против Украина, Додик се дочекува како почесен гостин, а Охридскиот Мировен Договор речиси една година е предмет на систематска агресија.

Европската перспектива е замрзната, граѓаните се демотивирани и разочарани, илјадници ја напуштаат државата или бараат пат до Европа преку други пасоши, додека соседите чекорат напред во интеграциите.

ДУИ ги повикува сите политички и општествени фактори да не дозволат овие тешко стекнати достигнувања да бидат избришани.

Преспа и ОМД не беа само компромиси,  беа избор за иднината.

А денес, повторно мораме да избереме: ќе дозволиме ли оваа генерација да биде генерација на поништување, или ќе станеме глас за заштита на европската иднина?

Особено загрижува улогата на остатоците на ВРЕДИ, кои ги предадоа суштинските вредности што ги застапуваа Албанците со децении , вредности на европеизација, рамноправност и демократска зрелост.

Наместо да бидат глас на напредокот, тие се претворија во алатка на манипулација, легитимизирајќи политики што директно ја уриваат проевропската ориентација на државата.

Вистинската природа на овие политички структури излезе на виделина:, тие се привремени играчи во служба на антиевропски агенди.