Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апсиев од Левица кој реагира на својот ФБ, јавуваат дека власта насила се обидува вечерва да протурка закон со кој Макпетрол ќе добие 33 милиони евра. Станува збор за 20 та седница на која што една од точките е за ГА МА.
Пратениците брифираат дека ова се прави преку ноќ за да никој не ја види одлуката со која Макпетрол ќе добие 33 милиони евра од Буџетот.
Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет
-Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата штотуку продолжи, а на говорницита е координаторот на пратениката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски. Џафери се обидува да го отстрани, а по кратко убедување Мицевски попушти. По ова пратенците од опозицијата започнаа да ја бојкотираат работата со свирчиња. Седницата продолжува, а Џафери му овозможи на Мицевски процедурално да се обрати.
Во моментов Џафери се расправа со Антонио Милошоски кој ја снима седницата.