Нашата Влада има оперативен план за вработување на 15.000 лица годинав, соопшти денеска СДСМ, чие соопштение го објавуваме во целост.
Владата предводена од СДСМ го усвои оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година.
Оперативниот план вреден 1,8 милијарди денари ќе обезбеди вработување за речиси 15.000 лица.
Планот предвидува програми, мерки и услуги за вработување, кои ќе обезбедат создавање нови работни места, зголемување на вработливоста на невработените лица, пред се на на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на пандемијата.
СДСМ преку ефикасни мерки и политики обезбедува континуирано намалување на стапката на невработеност до историски најниско ниво и повисок животен стандард за граѓаните и во време на криза.
Центар за односи со јавноста на СДСМ