Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава проблемите настанати поради криминалните и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти денеска СДСМ за случајот кој, во времето кога настанал, со одговорните институции раководеле кадри на неговиот коалициски партнер ДУИ.
– На околу 12.000 граѓани-осигуреници од уплатените придонеси воопшто не се распределувале средства во вториот пензиски столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа. Со тоа директно им се скратува правото да остварат својата пензија во целост. По откривањето на овој скандал, владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика презедоа мерки за решавање на проблемот и исправање на неправдата кон овие лица. Обезбедени се 19 милиони евра со коишто на околу 12.000 граѓани ќе им бидат префрлени средствата што со години не биле уплаќани во вториот пензиски столб, соопшти СДСМ
Со тоа, се додава во соопштението, се исправа неправдата кон граѓаните на кои им биле скратени парите за пензиите.
– Надлежните правосудни институции сега треба да го процесираат случајот и согласно законите да одредат кој се треба да понесе одговорност за овој скандал. Владата предводена од СДСМ и сите останати институции продолжуваат со спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари и поквалитетен живот за сите граѓани, соопшти СДСМ.