Додека ВМРО продолжува со лажната кампања и линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, никаде го нема д-р Жан, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Излезе на ТВ „Алфа“, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема.
Прашањето е каде е д-р Жан?
Дали Обвинителството го повика?
Кампањата со недели трае во медиумите под контрола на ВМРО/Орбан, а нема никаква реакција од Обвинителството.
Кога Жан ќе оди и ќе даде изјава? Прашуваме веќе неколку недели.
Никако да добиеме одговор.
СДСМ
Фото архива




