За СДСМ како одговорна партија највисок приоритет е здравјето на граѓаните, се вели во денешното соопштение од владејачката партија.
Во продолжение целоо соопштение од СДСМ:
СДСМ и институциите што ги предводи, посветено работат за непречено одвивање на масовната имунизација на населението против коронавирусот, добавување на нови количини на вакцини и отворање на нови пунктови за вакцинација.
Досега се аплицирани околу 200.000 дози вакцини, а ревакцинирани се речиси 26.500 граѓани.
За масовната имунизација да тече непрекинато во државата пристигнаа нови 100.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.
Вакцинирањето се одвива во здравствените домови и во регионалните пунктови. Покрај во Скопје, Битола, Кавадарци, Тетово, Штип, Куманово и Охрид следува отворање на нови пунктови за масовна имунизација во Велес, Струмица и Прилеп.
Апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација, заедно да ја победиме пандемијата со коронавирусот.
За СДСМ како одговорна партија највисок приоритет е здравјето на граѓаните.
Продолжуваме мерки и политики кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем во државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ