На денешната собраниска седница пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска најави дека протестот пред Цементарница Усје е во организација на нејзината партија.
„Денеска токму во 18:00 часот имаме еден протест кај Цементара Усје за сето она коешто ни се случува за оној отровен воздух којшто го живееме“, порача Лукаревска.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави дека прашањата кои се поврзани со квалитетот на воздухот ќе ги решава со вклученост на вистински стручњаци.
Од партијата истакнаа дека следува имплементација на мерки и проекти за ефикасно справување со загадениот воздух. Прашањата поврзани со квалитетот на воздухот ќе се решаваат со систематски поставен План за управување со квалитетот на воздухот, со цел подобрување на животна средина и квалитетот на воздухот.



