Владата предводена од СДСМ е на чекор до исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.
Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, во врска со просечната плата од 500 евра, со која дојде на власт пред пет години, кога нивниот бивш лидер Зоран Заев стана премиер со ветување за големи плати и „живот за сите во Македонија“. Во продолжение го пренесуваме целото соопштение:
Благодарение на успешните економски мерки што ги презеде Владата и во услови на глобална криза платите континуирано растат. Пензионерите годинава добиваат рекордно покачување на пензиите според Швајцарскиот модел, а минималната плата е дуплирана и сега изнесува 18.000 денари.
Според последните податоци од државниот завод за статистика, просечната плата во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока во однос на јануари 2021 година.
Покрај платите и пензиите, обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза.
Над 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои се во насока на заштита на стандардот на граѓаните и полесно справување со предизвиците кои ги носи глобалната криза.
СДСМ како одговорна партија продолжува посветено да работи на креирање и реализација на мерки кои имаат за цел да обезбедат забрзан економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани.
Центар за односи со јавноста на СДСМ