Скандалот со повлекувањето на Обвинителството во случајот против Максим Димитриевски ја откири целата вистина, истакна Соња Тодоровска од СДСМ на денешната прес конференција, од која објавуваме интегрален текст:
Максо доби награда од Мицкоски за предавството што го изврши.
Се покажа зошто Димитриевски влезе во коалиција со Христијан Мицкоски? За да се спаси себеси од одговорност и судски прогон.
Тројанскиот коњ е конечно разобличен.
Сите криминали на Димитриевски се под заштита на власта на Мицкоски кој целосно го контролира.
Максим не е коалициски партнер. Тој е декор, инструмент. Политичка маска.
Единственото што функционира во неговиот политички ангажман се бизнис интересите и внатрешните шеми за функции, тендери и влијание. Толку.
Максим Димитриевски не е алтернатива. Тој е измама која граѓаните ја прочитаа и повеќе не му веруваат.
На Куманово ниту на Македонија не и се потребни такви ликови. Ни требаат чесни луѓе, со став, со интегритет, со принципи.
Куманово заслужува повеќе и подобро. Куманово заслужува правда, а не политички пазари со Обвинителството.
Правдата може да биде одложена, но нема да биде избегната. Одговорност ќе има – кога тогаш.
Прес-конференција на Соња Тодоровска, СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Фото: Архива