На прав пат сме, со економија која е со рекорден раст од 4.1%, со историски најниска невработеност, 50 илјади нови работни места за само 2 години и социјална реформа, со која обезбедивме подобар живот за 300.000 граѓани, соопшти денеска СДСМ.
– СДСМ го засилува присуството на терен, меѓу граѓаните низ целата држава. Во текот на летото организирани беа над 500 маалски и урбани средби на партиски функционери со граѓаните. Таквите активности дополнително ќе се интензивираат. Започнува караванот трибини „На прав пат“ на кои ќе разговараме со граѓаните, ќе ги слушнеме нивните ставови и ќе ги следиме. Утре, Штип е домаќин на првата трибина на која ќе учествува и претседателот Зоран Заев. Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори, се вели во соопштението.
Натаму во истото се дополнува:
– Сугестиите и предлозите што граѓаните ги дадоа за време на маалски и урбаните средби, како и сите предлози што ќе произлезат од овие трибини ќе ги вградиме во нови мерки и политики, во нова програма од интерес на граѓаните. За таа цел, сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните. На прав пат сме! Економијата е на прав пат со рекорден раст од +4.1%, со историски најниска невработеност и 50 илјади нови работни места за само 2 години. Социјалната реформа е на прав пат, со која обезбедивме подобар живот за 300.000 граѓаните. Концептот за враќање на парите кај граѓаните е на прав пат! Како одговорна партија продолжуваме да бидеме меѓу граѓаните и да работиме исклучиво во нивен интерес, соопшти СДСМ.