Владата предводена од СДСМ изнајде начин да стави крај на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои во Собранието кочат закони кои се од интерес на граѓаните, велат од партијата во нивното партиско соопштение до јавноста.
40 илјади граѓани кои во моментот се без лична карта ќе можат да го остварат своето право да си ги подигнат своите пари.
Во соработка со Македонската банкарска асоцијација Владата предводена од СДСМ најде решение со кое овозможува непречено користење на услугите.
Граѓаните кои немаат важечки лични карти, ќе може да користат услуги на банки и штедилници со пасоши. Исто така, доволни ќе бидат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање на лична карта.
Владата предводена од СДСМ работи и на изнаоѓање на начин да го обезбеди и уставно загарантираното право на граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список поради истек на лични карти.
Разликата е огромна: ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат и уназадуваат, Владата предводена од СДСМ наоѓа решенија. На граѓаните не смеат да им бидат ускратени основните човекови права поради партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Блокадите се на штета на граѓаните и државата и затоа пратениците од опозицијата треба да престанат и да почнат да работат во интерес на граѓаните.