Владата предводена од СДСМ е составена од одговорни, професионални отчетни личности подготвени посветено да работат на реализација на програмските определби, се наведува во денешното соопштение од СДСМ.
– Сите назначени функционери во Владата имаат обврска да ги исполнат очекувањата на сите граѓани. Министрите во Владата ќе одржуваат редовна и отворена комуникација со сите граѓани, медиуми и засегнати страни во општеството преку унапредување на каналите за комуникација, вклученост и учество, истовремено почитувајќи го Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции именувани од страна на Владата. Сите функционери да вложат максимални напори, С. Македонија да биде земја во која граѓаните сакаат да живеат и да придонесуваат за нејзино постојано унапредување. Тоа е и суштината на мандатните писма врачени до министрите, а во кои има јасно утврден план, мисија и задачи за работа, се вели во соопштението од владејачкиот СДСМ.