Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство, продолжуваат со грижата за земјоделците и обезбедување загарантиран откуп на производството, соопшти СДСМ.
– Како што информира министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, откупени се 90 отсто од договорените количини тутун од реколтата 2018. Просечната цена изнесува 214,36 денари за предаден килограм, а од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари. Покрај тоа и за оваа реколта на тутун обезбедени се субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм во зависност од класата на тутунот. Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделието и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец, се вели во соопштението од Центар за комуникации на СДСМ.