Поднесена Илинденска декларација, но што има во неа се уште никој не открива. Декларацијата не е достапна на веб страницата на Собранието, а ниту пратениците од СДСМ не откриваат што точно пишува во неа.
Сител се обиделе да добиејат став или да ја добијат самата Декларација, но ниту пратеникот Дарко Каевски, кој практично денеска ја најави, ниту координаторот на пратеничката група Јован Митревски не одговориле на повиците и пораките.
Единствено пратеничката Калевска Ванчева била расположена за разговор, но ниту таа не открила многу, освен што за Сител изјавила дека Декларацијата и не мора да биде донесена до 2 август зашто не била врзана за прославувањето на Илинден.
Декларацијата се уште не е ставена на дневен ред, а пратениците од власта не знаат кога тоа ќе се случи.
Иако СДСМ побара поддршка од сите пратеници, ниту опозицијата не знае што точно има во Декларацијата. Затоа велат дека ќе бидат претпазливи.
Документот е доставен до Собранието и Владата пет дена пред големиот празник Илинден.