Повторно лаги од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, нема нето задолжување на денешната аукција
ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто 11 години криминално владееше и којашто стана најбогата партија во Европа со имот вреден десетици милиони евра е најмалку повикана да зборува за задолжувања и финансиско работење.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува лажно и неосновано да обвинува. Со денешната аукција нема нето задолжување. Средствата во висина од 6,6 милиони денари обезбедени од денешната аукција, ќе бидат искористени за враќање на претходно доспеани за отплата државни хартии од вредност во идентичен износ од 6,6 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа не може да се помири што со економските успеси на Владата предводена од СДСМ.
Преку одговорното управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ и Министерството за финансии успеаја да го стават јавниот долг под контрола, редодвно да ги сервисираат долговите, да ја намалат фреквенцијата на задолжувања, а задолжувањата да се одвиваат по историски најниски каматни стапка.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на дејствување освен да шири лаги и измислици. Наспроти тоа, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалување на долговите, намалување на невработеноста и раст на платите и странските инвестиции.
Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија