На граѓаните им е веќе јасно и знаат сè. Разоткриени се секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со очила, насмевка, лисици. Недостигаше уште црвен килим за Груби.

Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40 % од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.

Потоа крешендо со одредување куќен притвор од Обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.

И на крајот, целосно разобличување.

Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале процена дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

Излезе директорот на затворот во Шуто Оризари, го демантира Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратила и не побарала мислење.

Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.

Сè е договорено.

Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години, но повеќе не поминуваат – разоткриени се.

Фото: архива