Континуирано растат платите благодарение на економските мерки и политики кои ги реализира Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултат, соопшти владејачката партија.
Подолу го пренесуваме целото соопштение од СДСМ:
Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултат.
Сите економски показатели покажуваат нагорен тренд, економијата оди напред.
По цела година, за прв пат во месец март оваа година, во споредба со истиот месец лани, бележиме сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%.
Исто така, раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата.
Раст од 15,8 отсто бележи и надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто.
Континуирано растат и платите. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесувала 28.217,00 денари, што е за 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година.
Ова е силна потврда дека македонската економија е стабилна, жива и динамична.
Последиците од коронакризата се надминуваат и во оваа 2021 година предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст согласно економските показатели и очекувања.
Економските пакети за помош и поддршка за граѓаните и за компаниите дадоа резултати.
Сочувавме повеќе од 100.000 работни места. По разни дополнителни основи над 400.000 граѓани и над 35.000 компании. Во домаќинствата и во компаниите директно се вбризгани над 65 милијарди денари.
Како одговорна партија продолжуваме со креирање и имплементација на ефикасни политики што создаваат услови за градење стабилна и развојна македонска економија.
Центар за односи со јавноста на СДСМ