„Опозицијата и Мицкоски се виновни за се во Македонија“, е најомилената фраза на СДСМ уште од времето кога Костадин Костадинов беше пратеник и портпарол на владејачката партија, а тоа продолжува и со сегашниот портпарол и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот и со своите соопштенија и прес-конференции само ги потхранува своите членови и симпатизери со лаги и обвинувања на опозицијата за неуспесите на власта на СДСМ.
Во продолжение интегрално тесктот од денешната прес-конференција на портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски:
Владата предводена од СДСМ е посветена на заштита на државните и националните интереси, истакна на денешната прес-конференција.
Во решавањето на прашањата со Бугарија, Владата, инистуциите, не отстапуваат од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии.
За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема и нема да има никакви преговори.
Од друга страна целата домашна и меѓународна јавност сведочи на деструктивното постапување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Во период кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги засилија лажните вести и деструктивните постапки.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира.
Тоа е срамно, неодговорно и недозволиво однесување на Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ со што нанесуваат штета на државните позиции и националните интереси.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да покажат одговорност и да престанат да одработуваат за туѓи интереси.
Граѓаните, државата, не заслужуваат најголемата опозициска партија да им нанесува штета само заради задоволување на лични и партиски интереси.
Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, а потоа да престанат со штетното делување по државните и националните интереси.
Центар за односи со јавноста на СДСМ