Наш приоритет останува да градиме силен и независен правосуден систем во државава, а само опозицијата го брани криминалот и криминалците во нашава земја, се нагласува во денешното соопштение ов СДСМ.

Во продолжение целото соопштение:

По одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ниту Христијан Мицкоски, ниту кој било од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да им се извини на граѓаните за неуспешниот обид криминалците да бидат аболицирани.

Напротив, ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе застана во одбрана на криминалците во своите редови.

Одлуката на судот во Стразбур е победа на правната држава, победа на правото и на аргументацијата на тимот од Владата.

Пропаднаа обидите и на Ѓорѓе Иванов и на подносителите на тужбата, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат ослободени без воопшто да им се суди.

Одлуката на Европскиот суд е охрабрувачка и за македонското судство затоа што подносителите ги упатува да ги искористат сите правни лекови пред македонските судови.

Со ова се разбива уште една лажна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ дека судството било под контрола на СДСМ.

За СДСМ градењето на силен, независен правосуден систем останува врвен приоритет.

ВМРО-ДПМНЕ останаа единствените кои го бранат криминалот и криминалците во државата.

СДСМ