Ние имме јасна визија за иднината на државата како европска, народот не сака да стои во место, да биде заглавен и понижен, се вели во денешното соопштение од партијата која два мандата е на власт.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

На претстојните избори изборот пред граѓаните ќе биде помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ.

СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина.

Граѓаните одлучуват дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата,

Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен.

Повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални.

Граѓаните не забораваат како изгледаше кога Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.

Мицковски, само ќе продолжи таму каде што застананеговиот ментор Груевски.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста