Досега се утврдени 51 кандидат за градоначалник, ние ја имаме најдобрата понуда и сме убедлив фаворит на локалните избори, соопшти денеска СДСМ.
Соопштението го објавуваме во целост:
По спроведувањето на потребните анализи консултации и испитување на јавното мислење, Извршниот одбор на СДСМ утврди уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
Досега од редовите на СДСМ утврдени се кандидати за 51 општина, од нив 16 се нови лица, луѓе кои досега не извршувале високи функции на локално ниво.
Ова се личности кои се угледни професионални, докажани и препознаени во своите средини, индивидуи кои се подготвени и мотивирани да работат за интересите на граѓаните во нивните општини.
СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Тоа е препознаено и од граѓаните, затоа СДСМ води на сите анкети, затоа е убедлив фаворит на локалните избори.
Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можно да продолжи развојот на општините и напредокот на државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ