Владата предводена од СДСМ ја врати евтината дневна тарифа на струјата која обезбедува заштеди во семејните буџети, се вели во реакцијата од СДСМ, на денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целата реакција од владејачката партија:

За време на 11 годишното расипничко владеење, ВМРО-ДПМНЕ го опустоши енергетскиот сектор.

Додека Христијан Мицкоски како советник за енергетика на Никола Груевски спроведуваше погубни политики, државата беше зависна од скап увоз на струја, а на граѓаните им беше укината дневната евтина тарифа на електричната енергија.

Заради таквиот расипнички однос, енергетскиот систем често се соочуваше со испади, по што цели населени места со денови беа без електрична енергија.За разлика од нив, Владата предводена од СДСМ ја врати евтината дневна тарифа на струјата која обезбедува заштеди во семејните буџети.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција работи на штета на граѓаните и државата, Владата предводена од СДСМ државата инвестира во енергетиката и обновливите извори на енергија и води одговорни енергетски политики кои се признаени од Европската енергетска заедница и кои во разлноста даваат видливи резултати во развојот и унапредувањето на енергетскиот сектор.

Центар за односи со јавноста на СДСМ