СДСМ на граѓаните им ја врати евтината тарифа на струјата, а опозицијата нема морален, политички ниту стручен кредибилитет да зборува за енергетика, се вели во денешната реакција од СДСМ, по реакциите од опозцијата за најавите на премиерот Зоран Заев дека струјата ќе поскапува „ако сакаме да бидеме рамо до рамо со развиениот свет“.
-Ако сакаме зелена енергија, ќе се покачува и цената на струјата, изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ, Заев.
Во продолѓение го објавуваме целото соопштение од СДСМ:
Димитриоска – Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, кој го советуваше Груевски да ја укине евтината тарифа, нема морален, политички ниту стручен кредибилитет да зборува за енергетика.
Токму кога Кочовска работеше и го советуваше Мицкоски во ЕСМ, тогашно ЕЛЕМ направи рекордно скап увоз на струја од 200 евра за мегават час, 4 пати повеќе од денешните цени на пример.
СДСМ ја врати евтината тарифа која ВМРО-ДПМНЕ им ја одзема на граѓаните и ги врати парите назад, кај граѓаните.
Што се однесива до цената на струјата, ја носи независно тело и истата се определува само за домаќинставата, а не за индустријата.
Сосема спротивно од лагите на Кочовска во последните 2 години цената на електричната енергија на комерцијалните потрошувачи кои се здобиле со можност да одат на слободниот пазар е намалена за 30%.
Чист дилентализам е да се тврди дека одлуката влијае врз цената на производите.
Желбата да се вознемират граѓаните, говори само за поривот со кој ВМРО-ДПМНЕ е научен да се однесува кон ствојот народ.
Впрочем, Кочовска е истатата послушничка на Мицкоски која во техничката Влада ги кочеше средствата од Светска банка среде пандемија, наменети за клиниките и болниците ширум земјава
Дали мирно спиеше по купот лаги и конструкции кои ги кажа Кочовска?
Очигледно од човек кој подржува грабеж преку рекордни суми за увоз, укинување на евтина тарифа за граѓаните – најверојатно и не може ништо друго и да се очекува освен да се обидува да манипулира и да шири лаги.
Центар за комуникации СДСМ