Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозни предизвици кои се пред граѓаните.
Ова се истакнува во денешното соопштение на владејачкиот СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Покрај докажани професионални кадри од претходниот состав на Владата, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори.
Новата Влада има полн легитимитет добиен на изборите од 2020 година и има капацитет да испорача резултати во однос на надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните.
СДСМ постојано покажува капацитет за промени, со цел што подобро да им служи на граѓаните и државата.
Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, во тамошното раководство се уште се присутни стари познати кадри, соработници на Никола Груевски и поддржувачи на режимот.
Додека СДСМ постојано се менува, ВМРО-ДПМНЕ останува истата деструктивна партија која работи на штета на граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ