Владејачкиот СДСМ по третпат објавува исто или идентично соопштение во врска со тоа што лани го најавија, а се уште не реализирале т.е. зголемување на минималната плата на 18.000 денари од почетокот на 2022 година.

Зголемувањето на минималната плата не се случи, синдикатот најави протести и блокади, а владејачката партија пак го најде „виновникот“ во опозицијата. Го објавуваме во целост и денешното соопштение на СДСМ кое повеќе денови со ред го објавуваат. Граѓаните нека проценат колку е „моќен Трајко Славески“ штом може да ја „закочи“ целата владејачка машинерија да не се зголемува платата.

За разлика од Владата предводена од СДСМ која заедно со сите засегнати страни работи на изнаоѓање на решение за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на растот на платите.

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е најгласниот противник на зголемување на минималната плата.

Претходно Славески изјавуваше дека минималната плата ќе значела крах на домашната економија, а сега тврди дека растот на минималната плата е нереален и неоправдан.

Славески како претседател на Советот на Град Скопје добива месечен надомест од околу 35.000 денари, или скоро три минимални плати за и служи на Арсовска, да работи против граѓаните, против работниците.

Неоправдано нереално и срамно е однесувањето на Славески кој со месечни примања од илјадници евра се противи на зголемување на минималната плата во услови на енергетска и економска криза.

Додека ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголеми минималната плата за над 6.000 денари и ќе продолжи да ја зголемува и понатаму.

Договор за минималната плата повторно да биде зголемена годинава ќе се најде заедно со синдикатите, со работодавачите и без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ