Додека Владата предводена од СДСМ со одговорен пристап ги решава предизвиците со најголемата економска криза по Втората светска војна и го штити стандардот на граѓаните, Мицкоски се занимава со уцени и со закани за некаква радикализација заради негови себични политички амбиции.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ со кое реагира на барањето на опозицијата предвремени парламентарни избори за излез од кризата. Го објавуваме целиот текст од реакцијата од Бихаќска:

Повеќе од јасно е дека не е време за избори, дека е потребно функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот, но Мицкоски не го интересира тоа, бидејќи неговите потреби и желби секогаш биле пред интересите на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ нема да дозволи желбата за власт на Мицкоски да резултира со штета по граѓаните, нестабилност, трошење на буџетски средства и продлабочување на кризата.

Неговите закани и најавите за радикализација се одраз на немоќ и безидејност бидејќи е свесен дека оваа Влада е стабилна и добро владее.

Мицкоски и неговата партија имаа безброј можности да направат нешто корисно за граѓаните и државата, но наместо тоа, константно произведуваат лажни вести, шират паника и партиски мобилизираат протести.

Огромна е разликата меѓу одговорното управување на СДСМ и деструктивното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ