Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, несериозно и неодговорно сакаат да ја злоупотребуваат заканата врз јавното здравје, предизвикана од коронавирусот и се обидуваат да создадат атмосфера на паника кај граѓаните, СДСМ презема одговорност за справување со економските последици од оваа криза, соопшти СДСМ
– Дури и во вакви тешки времиња, кога целата држава, институциите, медицинските лица, полицајците, граѓаните, се посветени на борба со коронавирусот и заштита на здравјето Христијан Мицкоски, послушникот на Никола Груевски, од белиот дворец шири невистини, а нема ниту став, ниту предлог за доброто на граѓаните. Од човек кој за 100 отсто ја зголеми цената на електричната енергија и кој во време на сиромаштија тераше бизнис со хидроцентрали на грбот на граѓаните, друго и не може да се очекува. Нема простор за паника, СДСМ презема одговорност да се справиме со економските последици од оваа криза. СДСМ во изминатите 2,5 години ја извлече економијата од минус ја стабилизираше и сега подготвено ги дочекува економските предизвици предизвикани од последиците со ширето на коронавирусот. Тоа остава можност за издржани мерки и решенија кои ќе ги намалат негативните последици врз економијата и ќе помогнат на работниците, на фирмите, на стопанството, на сите граѓани. Јасно е дека Мицкоски е против овие мерки, затоа што тој е научен само да зема од државата а не и да помогне, затоа тој не сака од ништо да се откаже, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавност на СДСМ.
(Појаснување: Фотографијата е од времето кога СДСМ со маски се бореше против режимот на Никола Груевски, и кога имаше доволно маски. Тогаш СДСМ не дигаше паника, дигаше шарени раволуции и ветуваше бесплатно здравство низ цела ЕУ, ако го смениме името.)