Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ дојде од Меѓународниот монетарен фонд, истакна денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Во продолжениот интегрално го пренесуваме целиот текст.
ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа 2023 година.
Проекциите за наредната година се дека македонската економија ќе расте за 3,2 проценти и овие проекции се на иста линија со проекцијата на Владата.
Со преземените мерки и политики во изминатиот период, македонската економија во тешки услови на глобална економска и енергетска криза и нарушени синџири на снабдување, е отпорна и остварува раст.
Секако пред нас има се уште предизвици, но мерките и политиките се потврдува дека даваат очекуван резултат.
Исто така инфлацијата во земјава продолжи да се намалува. Во септември инфлацијата падна на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период.
Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци и таа ќе продолжи да опаѓа.
11 последователни месеци инфлацијата се намалува и тој тренд ќе продолжи до крајот на годината, кога се очекува да се спушти под 5 отсто.
Наредната година инфлацијата да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.
СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат економски раст од една страна и заштита и унапредување на животниот стандард од друга.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ