За првпат во независноста за првпат во плурализмот, токму членовите на СДСМ испишаа историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија, се истакнува во денешното соопштение на владејачкиот СДСМ, во врска со вчерашните партиски избори на кои од „историскиот демократски избор од вкупно еден кандидат“ Зоран Заев беше избран за претседател на партијата.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
СДСМ ги одржа првите непосредни, внатрепартиски избори целосно почитувајќи ги мерките и протоколите за заштита од коронавирусот.
Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена.
СДСМ е на врвот во внатрепартиска демократија во државата, но и многу пошироко.
Преку гласањето, членовите на СДСМ испишаа историја. СДСМ е повторно прв во промените!
Членовите одлучија, претседател е Зоран Заев кој ќе понуди нова политика, нов современ, модерен динамичен СДСМ кој уште повеќе посветено ќе работи за граѓаните и за државата.
СДСМ и членовите потврдија дека е прва партија во реформите, вомодернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси.
СДСМ ја подигна својата внатрепартиска демократија на највисоко ниво.
СДСМ победува но и постојано се менува. Затоа расте довербата во јавноста, затоа што граѓаните знаат дека напредокот, интеграцијата се возможни само со СДСМ.
Заедно со граѓаните продолжуваме по патот што заедно го чекориме. Станавме полноправна членка на НАТО Алијансата, се движиме кон полноправно членство и во ЕУ.
Продолжуваме да ја градиме нашата татковина во дом за сите граѓани, просперитетна и европска земја.
Центар за односи со јавноста на СДСМ