Нашата татковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси кои ги чекавме 30 години, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое го пренесуваме во целост:
Ние сме НАТО, полноправна и рамноправна земја членка на најголемиот воено-безбедносен сојуз, Република Северна Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како нејзина полноправна членка.
Нашето членство во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста.
Додека премиерот Зоран Заев и нашата државна делегација посветено работат за иднината на државата, за сите граѓани, додека во тек е дипломатска офанзива за деблокада на провесот на интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште подлабоко тонат во деструктивната матрица.
Откако доживеаја тотално фијаско на протестите и блокадите, сета нервоза и агресија ја канализираат во нови опструкции и блокади.
Таквата деструктивност, оваа дезориентирана партија ја доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот и затоа уште долго ќе биде казнувана од граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ