Институциите предводени од СДСМ преземаат сѐ за да се заштитат граѓаните и нивниот стандард, а опозицијата во одбрана на профитерите, бара поскап леб за граѓаните, истакнува владејачкиот СДСМ во денешните две соопштенија во врска со проблемот со леб.

Во продолжение во целост денешните две соопштенија на СДСМ која донкихотовски мафта со мечот против ветерниците, т.с. против опозицијата:

Институциите предводени од СДСМ преземаат сѐ за да се заштитат граѓаните и нивниот стандард, во време на глобална економска криза.

Замрзнатата цена на лебот од 33 денари е обврска за производителите и трговците.

Контролите на надлежните институции продолжуваат низ сите градови во државата.

Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на најмногу 33 денари е оправдана, фер и во интерес на граѓаните.

Освен тоа, оваа цена носи и профит за производителите, имајќи ја предвид помошта од државата во вид на драстично намалена цена на електричната енергија за пекарниците што досега ја добиваа, како и цените на природен гас, на нафта, пченица и брашно.

СДСМ е со граѓаните и нема да дозволи некој да профитира на грбот на граѓаните и да го осиромашува народот.

Еве го и воторот соопштение во целост:

Срамно, ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на профитерите, против заштита на стандард­от на граѓаните и ја­вно бара поскап леб за граѓаните.

Според јавните изјав­и, ВМРО ДПМНЕ смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб, дека цената на лебот не треба да биде замрзната.

Тие сметаат ​ дека цената на лебот не тр­еба да биде замрзната на 33 денари и дека е оправдано некој да профитира на грбот на народот.

Наместо да застанат зад интересите на гр­аѓаните, во време на глобална криза, ВМР­О-ДПМНЕ под заложниш­тво на Левица застан­аа зад профитерите.

ВМРО-ДПМНЕ уште една покажа дека е истата онаа партија којаш­то 11 години ги осир­омашуваше граѓаните, додека поединци се богатеа на сметка на народот.

Центар за односи со јавноста на СДСМ