И во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ „опозицијата е виновна и за несособноста на власта да набави вакцини против коронавирусот и за „скратените патишта“ по кои власта тргнала да бара вакцини од Кина.
Практика им стана на СДСМ да наоѓаат вина насекаде освен во неспособноста на власта на чие чело е таа партија. И денешното соопштение од Бихаќска го објавувае во целост:
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно делување и преку лаги и измислени конструкции се обидува да го девастира здравствениот систем и да внесува страв и вознемиреност кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски без докази со лажни обвинувања за наводни провизии и нерегуларности, намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини, со што предизвикува директна штета за здравјето на граѓаните.
Во набавката на кинеските вакцини, нема ништо незаконски. Владата ги користи сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.
Граѓаните знаат дека СДСМ и институциите што ги предводи вложуваат максимални напори за заштита на јавното здравје, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции, шири дезинформации и лажна загриженост за здравјето на граѓаните.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнета од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција.
Центар за односи со јавноста на СДСМ