Кој е поочаен, опозицијата или власта, најдобро знаат граѓаните. Но, СДСМ во реакцијата на анкетата што денеска е објавена и има лош рејтинг во однос на ВМРО-ДПМНЕ, очајно се брани со очајни обиди.
СДСМ ја смета за лажна анкетата со 1.111 испитаници, а за релевантна анкетата од емисија та ТВ 24, која ја води нивниот симпатизер Огнен Јаневски, а вкупниот број на испитаници во истата е еден. И со бројка 1 граѓанин кој се јавува во емисијата.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ во оригинална форма:
Очен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ со нарачани и лажирани анкети да го храбри Христијан Мицкоски во своите дестурктивни чекори и блокади.
Анкетите нарачани и лажирани од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните многу добро знаат како се спроведуваат, за што говори и видеото во прилог:
Лажирани анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатите 6 месеци ниту пак криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа агенција и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи, напротив. Предвидувањата им беа неточни, ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори доживеа пораз.
Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски.
СДСМ има план, ќе се спротивстави на неговите обиди за блокада на државата.
Нема да дозволиме нарачките од Груевски, спроведени од Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ