Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работат на развој и унапредување на земјоделството па затоа во континуитет покажува неодговорно и деструктивно однесување.
Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачката партија, чиј кадар, Љупчо Николовски по мисијата на вицепремиер против корупција, повторно се врати во министерската фотелја во МЗШВ. Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
И во услови на најголема економска и енергетска криза во кој се наоѓа Европа и светот, со СДСМ субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно, а претходно без партиска книшка земјоделците не можеа да дојдат до субвенции.
Сите закони за земјоделството се во насока на унапредување на стандардот и условите за работа на земјоделците.
Меѓу нив секако е и Законот за земјоделство и рурален развој чии измени се на дневен ред во Собранието.
Овој Закон е важен за навремена исплата на субвенции на околу 20.000 тутунари за кои има обезбедено средства во висина од една милијарда и 300 милиони денари.
Откако Законот со месеци беше закочен во Комисијата за земјоделство во Собранието сега кога е на пленарна седница, сите пратеници да ги поддржат измените кои значат олеснет пристап до субвенции и повеќе пари кај земјоделците во период кога тие им се најпотребни.
Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделците, продолжува да инвестира во земјоделството кое е една од најважните стопански гранки.
Центар за односи со јавноста на СДСМ