Од преземањето на власта од страна на СДСМ, платите во образованието за четири години пораснаа за 21 отсто, истакна на денешната прес конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Во продолжение интегрално текстот од прес-конеференцијата:
И во време на светска економска и енергетска криза Владата и институциите предводени од СДСМ се грижат за животниот стандард на сите граѓани.
Од овој месец, платата на околу 32.500 вработени во основното и средното образование ќе добијат плата повисока за 15 отсто.
Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.
Од тие 32.500 лица, околу 25.000 се наставници.
Од преземањето на власта од страна на СДСМ, платите во образованието за четири години пораснаа за 21 отсто.
Со последното зголемување, за само пет години платите во овој сектор се зголемуваат за 36 отсто, односно за една третина повеќе во однос на 2017 година.
Покрај во човечкиот фактор, сериозно вложуваме во подобрување на условите за работа на наставниот кадар. Досега, реконструирани и изградени над 80 основни и средни училишта.
Тоа е вистинска грижа учениците, за наставниците и за образовниот систем.
СДСМ продолжува да инвестира во образовниот систем, продолжуваме да се грижиме за животниот стандард на сите граѓани.
Видеото од прес-конференцијата може да го отворите ТУКА.
Центар за односи со јавноста на СДСМ