Повеќе од една недела нема одговори за најголемиот нарко-скандал во регионот, заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Како 5 тони дрога, во неколку камиони ја преминале границата?
Кој ќе одговара?
Фактите упатуваат дека без поддршка од структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции, ваква масовна шверцерска операција е невозможна.
Според неофицијални информации објавени во српските медиуми, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од американската DEA.
Затоа е молкот и паниката во врвот на власта.
Станува збор за скандал од огромни размери, кој го оголува длабокиот криминал и на владата предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски.
СДСМ бара итна, независна и транспарентна истрага, која ќе даде одговори на следните прашања:
• Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку македонската граница?
• Кои структури во институциите ја овозможиле оваа криминална операција?
• Дали лицето Симе, кое јавноста го виде на фотографии со Мицкоски, е дел од оваа мрежа?
Сите што се вмешани, без разлика на функцијата мора да одговараат и ќе одговараат.




