Синоќа Централниот одбор на СДСМ, без да го видат протоколот со Бугарија, едногласно го прифати францускиот предлог, а според списокот на партиските функционери кои го сочинуваат ова тело на СДСМ има и лица кои се во судир со законите во Македонија.
Неофицијално меѓу членовите на ЦО на СДСМ кои доцна синоќа гласале има едно лице кое е во домашен притвор, едно за кое има одлука на Антикорупциската комисија дека го прекршило законот и уште неколку други за кои има индиции за сторени кривични дела.
Меѓу 124 членови на Централниот одбор на СДСМ кои под претседателство на Перо Костадинов без виден протокол со Бугарија гласале за прифаќање на преговарачката рамка има сегашни и бивши министри, државни и локални функционери. Меѓу тие што гласале се две директори на скопски клиники, лекарките Маја Стевановиќ и Софија Пејкова.
Според соопштението на СДСМ сите 124 члена на ЦО едногласно го поддржале „процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 Јуни 2022 година, предложен од претседателството на Франција“.
Во соопштението не се открива како гласал Мухамед Зекири, кој поради здравствени причини од Шутка беше пуштен во домашен притвор, поради аферата со приватизацијата на Македонски пошти каде што во прашање е речиси милионска сума евра.
Еве го списокот на членовите на ЦО на СДСМ за кои беше објавено дека одлуката ја донеле без ниту еден глас против:
Александар Бајдевски
Диме Велковски
Марија Митановска Димовска
Фатлум Јусуфи
Билјана Дракалска
Васко Ковачевски
Емилија Костурски
Васко Колевски
Рула Чаламани
Ристо Прочков
Љупчо Митрев
Емилија Аризанкоска
Теодора Нолевска
Фатмир Битиќи
Перо Костадинов
Верче Миткова
Стефан Радиноски
Стево Крстевски
Соња Мартинова
Никица Бачовски
Радица Андоноска
Лидија Христова
Дарио Николовски
Емилија Крстевска
Кристиан Јовановски
Марина Ивановска
Рената Дуцеска
Ема Нешкоска
Маја Милосавлјевиќ
Зеќир Јакупоски
Љупчо Којчиноски
Марија Симова
Менча Николова
Марија Кочовска
Теодора Каракашева
Стефан Илиевски
Виктор Ангелов
Мартина Ивковска Стаменковска
Сара Николовска
Диме Коцев
Цветанка Баштованова
Катерина Андонова
Димитар Ковачевски
Петре Шилегов
Стефан Богоев
Тања Томиќ
Дарко Каевски
Александра Цветкоска
Зоран Манчевски
Соња Иванова
Томе Солевски
Трифун Костадинов
Љупчо Николовски
Изабела Павловска
Александра Бојческа
Котески Перо
Оливер Спасовски
Александар Арсиќ
Хана Џеладини
Соња Тодоровска
Ацо Велковски
Тахир Зунуни
Мите Миленковски
Златко Маркоски
Андријана Ивановска
Небојша Стојановиќ
Билјана Китановска
Румена Митрева
Лазе Таневски
Димитар Рилкоски
Катерина Лазороска Јанческа
Рахман Календер
Ана Марија Теохарова
Шпресим Ајроски
Филип Секуловски
Кузмановиќ Ивона
Макреска Симона
Дарко Кузев
Симона Цветаноски
Небојша Трајковски
Ружица Перевска
Маја Димитриева Миленовиќ
Ваит Ферати
Тодорче Мишевски
Весна Гершан
Жаклина Јовановска
Маринела Ојлеска
Сашо Коркут
Зоран Китанов
Костадин Костадинов
Љубица Митева
Мерима Тутиќ
Емилија Николовска
Фарук Омери
Андријана Томовска
Милена Стевановиќ
Мартин Попов
Севгим Ракиповски
Марија Кондовска
Егзон Гури
Хабиб Максудов
Александра Постолова Соколова
Сања Белинска
Благој Бочварски
Никола Рилак
Марија Смилкова
Рамиз Сулејман
Мухамед Зекири
Ана Данева Маркова
Андријана Будимир Филиповски
Јованка Тренчевска
Софија Пејкова
Мила Царовска
Рената Јајовска
Душко Весковски
Мелиса Ценовска Серафимовска
Венко Филипче
Нина Фити Неделковска
Мишко Ралев
Снежана Захариева
Даниела Колева
Дритан Исмаили
Андреј Петров
Костадин Ацевски