Во продолжение целото денешно соопштение од владејачкиот СДСМ:
Неспособноста и незаинтересираноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се главните причини за проблемот со кучињата скитници кој ескалира во последниве месеци.
Градската власт предводена од СДСМ за првпат формираше јавно претпријатие за хуман третман на бездомните животни, а кадрите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска не можат ниту соодветно да го менаџираат.
За градската и за локалната власт предводени од ВМРО-ДПМНЕ важни се само личните интереси, теглите со мед и провизиите од тендерите, потребите на граѓаните им се на последно место.
Затоа граѓаните се оставени сами на себе и за справување со кучињата скитници и за снаоѓање со јавниот превоз и за справувањето со енормното загадување.
Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната власт досега.
Центар за односи со јавноста на СДСМ