Поминаа две години, половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во над 40 општини, се истакнува во денешното соопштение на владејачкиот СДСМ во кое ја обвинува локалната власт дека немала резултати во работата.
СДСМ која е на власт без резултати 7 години, на почетокот ја имаше целокупната, и локална и централна власт, и која се уште ја има на централно ниво, ја обвинува опозицијата за лоши резултати по две години. Но, тоа што не може да се сработи на терен може со партиската машинерија и соопштенија. Во продолжение целото соопштение на разочараниот СДСМ од работата на опозицијата.
Заклучокот по две години е јасен и очигледен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.
Безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.
Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните.
Општините под капата на ДПМНЕ наместо да се развиваат стагнираат.
ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори.
ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ