Владејачкиот СДСМ во денови кога власта се соочува со обвиненија за катастрофата во модуларна болница што ја изградила, денеска ја обвинува опозицијата затоа што ги кочела во изградбата на новиот Клинички центар, за кој претходниот „режим“ имаше готов проект, но со доаѓањето на власт на СДСМ истиот беше отфрлен и ветија нивни проект.
Денес кога актуелната власт покажа неспособност да изгради и безбеден монтажен објект за ковид-пациенти, вниманието на јавноста од катастрофата го одвлекува со соопштенија во кои бара виновници за тоа што и во вториот нивни мандат немаат ни една тула наместено до ветениот Клинички центар во Скопје. Освен оној „Клинички центар под шатор“ (на фотографијата) што го подигнаа на почетокот на ковид-кризата, пред кој со денови се сликаа министерите Радмила Шекеринска, Венко Филипче и градоначалникот Петре Шилегов и кој потоа беше „урнат“ без да биде воопшшто употребен.
Во продолжение целото денешно соопштение од седиштето на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија која се уште функционира како во времето на нејзиниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски.
Таа партија предводена од Мицкоски знае само за лажни вести, блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира.
Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, беше против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец.
Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите.
Центар за односи со јавноста на СДСМ